Грабеж среде бел ден во срцето на Скопје – 36-годишна скопјанка била нападната во општина Центар, при што ѝ била насилно одземена чантата во која имала пари.
Како што информира МВР, инцидентот се случил на 17 јуни 2025 година, околу 12:35 часот. Жената пријавила случај во СВР Скопје во 13:50 часот.
Во моментот полицијата презема мерки за пронаоѓање на сторителот и расчистување на настанот.