По долг период од седум години, денеска официјално се отвора комплексот „Македонско село“ кој се наоѓа на Водно, во близина на Нерези. Новиот концесионер, фирмата „Ла Тераца“, беше избран на најповолна и транспарентна постапка преку електронско јавно наддавање организирано од Службата за општи и заеднички работи и Министерството за финансии.
На отворањето ќе присуствува и премиерот Христијан Мицкоски, а комплексот ќе продолжи да го негувa духот на македонската традиција преку 12 автентични куќи, со изложени македонски занаети, хотелски капацитети и ресторан.
Со повторното отворање, се очекува „Македонско село“ да придонесе за развој на туризмот и локалната економија, да создаде нови работни места и да го зголеми туристичкиот потенцијал на Скопје и целата земја.