ПРВ.мк
Свет

Москва и Пекинг со јасна порака: Напад на САД врз Иран би предизвикал опасна ескалација

Москва и Пекинг со јасна порака: Напад на САД врз Иран би предизвикал опасна ескалација

Русија и Кина испратија сериозна порака до Вашингтон во врска со можноста од американска воена интервенција во конфликтот меѓу Израел и Иран. Кинескиот претседател Си Џинпинг во разговор со рускиот лидер Владимир Путин повика на итна деескалација, со што индиректно се обрати до Доналд Трамп, кој размислува за ангажман на САД во регионот.

„Големите сили треба да работат на смирување, а не да поттикнуваат конфликт“, изјави Си, нагласувајќи дека најмногу одговорност имаат државите кои имаат влијание врз засегнатите страни. Иако не ги спомена САД по име, пораката беше јасно насочена кон американската администрација.

Од Москва, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков предупреди дека директно вклучување на САД во конфликтот би значело „страшна спирала на ескалација“. Иран, пак, јавно ги предупреди САД да не се вмешуваат, порачувајќи дека во таков случај ќе ги активираат сите свои ресурси за одбрана на националната безбедност.

Ситуацијата останува тензична, а меѓународниот притисок за воздржаност расте.

Сподели го овој напис