Светската сајбер заедница е во аларм – еден од најголемите хакерски напади во историјата открива дека се украдени над 16 милијарди лозинки од популарни сервиси како Google, Facebook, Apple, Instagram, Telegram и дури и државни портали.
Истражувачите од Cybernews открија 30 огромни бази на податоци полни со свежи, досега необјавени кориснички податоци. Секоја содржи веб-адреса, корисничко име и лозинка – директен пат до вашите сметки, фотографии, банкарски информации и лични разговори.
„Ова не е старо протекување што кружи повторно. Ова се нови, активни податоци кои хакерите веќе ги користат“, предупредува експертот Вилиус Петкаускас.
Што да направите веднаш?
– Променете ги лозинките на сите важни сметки. – Користете различни лозинки за секоја услуга. – Активирајте двофакторска автентикација. – Размислете за користење на безбеден менаџер за лозинки. – Разгледајте можности за login без лозинка (passkeys).
Овој напад е потсетник дека една едноставна лозинка може да ја отвори вратата за целото ваше дигитално постоење. Не чекајте да биде предоцна – заштитете се веднаш.