ПРВ.мк
Свет

Будимпешта ја забрани Парадата на гордоста – полицијата се повикува на „заштита на децата“

Будимпешта ја забрани Парадата на гордоста – полицијата се повикува на „заштита на децата“

Унгарската полиција ја забрани годинашната Парада на гордоста, планирана за 28 јуни во Будимпешта, повикувајќи се на новиот закон за наводна заштита на малолетници. Одлуката предизвика реакции во јавноста и критики од организации за човекови права.

Во соопштението на полицијата се наведува дека не може да се гарантира отсуство на малолетни лица на настанот, како и дека јавниот карактер на парадата може да изложи граѓани на содржини што не сакаат да ги гледаат.

Ова е првпат по долги години да се забрани одржување на ЛГБТК+ парада во главниот град на Унгарија, и покрај тоа што локалните власти првично ја поддржаа манифестацијата како симбол на слобода.

Контроверзната забрана следи по измените во законот усвоени во март, со кои полицијата доби поголеми овластувања да блокира јавни собири доколку се процени дека „не се соодветни за деца“. Законската промена беше изгласана од парламентот, каде што владејачката партија на Виктор Орбан, Фидес, има апсолутно мнозинство.

Сподели го овој напис