ПРВ.мк
Спорт

Лазаров: „Ја сакам Македонија и затоа се вратив – ако сакате да ме искористите, тука сум, ако не…“

Лазаров: „Ја сакам Македонија и затоа се вратив – ако сакате да ме искористите, тука сум, ако не…“

Најголемото македонско ракометно име, Кире Лазаров, во најновиот спортски подкаст „ПРЕСИНГ“ на ЕКИПА.МК открива зошто се врати во Македонија и како се справува со критиките на домашната спортска сцена.

Македонската репрезентација оваа пролет се избори за ново учество на европско првенство, но Лазаров истакнува дека работата во Македонија не е лесна поради поединци кои со ситни измами нанесуваат штета на спортот и општеството.

„Јас знам што сакам. Ако не сум тука, ќе бидам некаде другаде и ќе успеам. Ако вие сакате да ме искористите, ете сум тука на располагање. Ако не, си подадуваме рака и продолжуваме понатаму“, порача Лазаров.

Сподели го овој напис