ПРВ.мк
Спорт

(Видео) Алкарас се пошегува: Би го „убил“ Ѓоковиќ – еве зошто

(Видео) Алкарас се пошегува: Би го „убил“ Ѓоковиќ – еве зошто

Шпанскиот тенисер Карлос Алкарас повторно се најде во центарот на вниманието, откако за време на турнирот во Квинс сними забавно видео за социјалните мрежи на АТП. Во едно од прашањата, младиот тенисер играше играта „kiss, marry, kill“ („бакни, ожени, убиј“) и доби навистина „тешка“ тројка за избор: Новак Ѓоковиќ, Рафаел Надал и Роџер Федерер.

Со насмевка на лицето, Алкарас одлучи да го „убие“ Ѓоковиќ – и тоа, како што рече, од шега, бидејќи сè уште не му поминал болниот пораз од финалето на Олимписките игри во Париз минатата година.

„Ќе го 'убијам' Ѓоковиќ, ама само затоа што ме победи во финалето…“ – се пошегува Алкарас.

Покрај тоа, Алкарас одлучи дека би се „оженил“ со својот сонародник Рафаел Надал, а Роџер Федерер заслужено доби „бакнеж“.

Целото видео, кое предизвика насмевки кај многу фанови, е дел од забавните содржини на АТП, со кои тенисерите се претставуваат во поинакво светло.

Сподели го овој напис