Популарната американска водителка и готвачка Ен Барел, ѕвезда на Food Network, почина на 55-годишна возраст.
Нејзиното безживотно тело било пронајдено во нејзиниот дом во Бруклин, Њујорк, во вторник во раните утрински часови. Њујоршката полиција потврдила дека медицинските служби можеле само да констатираат смрт.
Засега не се објавени официјални информации за причината за смртта. Американската јавност и фановите на социјалните мрежи се во шок поради загубата на популарната ТВ личност која со својата енергија и љубов кон готвењето освојуваше генерации гледачи.
Барел останува запаметена како една од најпрепознатливите лица на американската кулинарска сцена.