Британската тенисерка Кејти Болтер откри дека добила страшни закани и навреди додека играше на Ролан Гарос оваа година. По поразот во првиот сет од Карол Моне, таа почнала да добива морничави пораки исполнети со омраза.
„Се надевам дека ќе добиеш рак!“ – една од пораки што ја потресоа, додека други содржеле навреди и закани за нејзиното семејство.
27-годишната Болтер, која е 39-та на ВТА листата, вели дека ваквите навреди се станати секојдневие и дека се плаши како тоа може да влијае на младите спортисти.
„Никогаш не би му посакала такво нешто ни на мојот најголем непријател. Не знаете дали заканите се реални или не, дали некој е близу до вас, тоа е навистина страшно“, открива тенисерката.
Таа додава дека најчесто ваквите закани ги добива од луѓе кои се обложуваат на нејзините мечеви, без разлика дали победи или загуби.