Израелската армија повторно нападна цели во Иран, овојпат директно во близина на главниот град Техеран. Според официјалните информации од Израел, се гаѓале стратегиски воени објекти поврзани со иранскиот безбедносен апарат.
Иранската револуционерна гарда потврди дека неколку проектили го погодиле северниот и источниот дел на Техеран. Граѓаните се предупредени да не ги напуштаат засолништата додека трае безбедносната проценка.
Западни медиуми јавуваат за густ чад што се издигнува над градот, без информации за жртви. Експертите предупредуваат на ризик од ширење на конфликтот надвор од границите на двете земји.