ПРВ.мк
Свет

Израелски хакери „испарија“ 90 милиони долари од најголемата иранска крипто компанија

Израелски хакери „испарија“ 90 милиони долари од најголемата иранска крипто компанија

Хакерската група „Предатори Спароу“, позната по целни напади врз Иран, изврши спектакуларна кражба на 90 милиони долари од најголемата иранска крипто-платформа – Нобитекс. Средствата се префрлени на дигитална адреса од која не можат да бидат вратени, ефективно избришувајќи го целиот износ, пренесува Би-Би-Си.

Групата, која себеси се нарекува „хактивистичка“, се повторно појави по повеќе од година неактивност, непосредно по ескалацијата меѓу Израел и Иран. Тие го објавија нападот преку Телеграм и X (поранешен Твитер), тврдејќи дека Нобитекс е алатка на иранскиот режим за финансирање тероризам и заобиколување на меѓународни санкции.

Дополнително, хакерите тврдат дека ден претходно извршиле напад и врз државната Банка Сепах. Тие најавија дека ќе го објават изворниот код и внатрешните податоци на Нобитекс во рок од 24 часа, предупредувајќи дека и преостанатите средства на платформата се под сериозна закана.

„Предатори Спароу“ се најпознати по хакерскиот напад во 2022 година, кој предизвика пожар во иранска челичарница – еден од ретките случаи каде сајбер-напад довел до физичка штета и опасност по животи.

Сподели го овој напис