ПРВ.мк
Свет

Атомската агенција го демантира Израел и Трамп: Иран нема услови за нуклеарна бомба

Атомската агенција го демантира Израел и Трамп: Иран нема услови за нуклеарна бомба

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), Рафаел Гроси, изјави дека Иран во моментов не презема систематски напори за производство на нуклеарно оружје. Ова претставува директен демант на тврдењата од Израел и поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

„Не можеме да потврдиме постоење на програма за нуклеарна бомба во Иран“, изјави Гроси за Скај њуз. Сепак, агенцијата изрази загриженост затоа што Иран е единствената земја во светот што збогатува ураниум до 60 проценти, што е технички чекор поблиску до нивоата потребни за оружје.

И покрај тоа, МААЕ смета дека нема доволно докази дека Техеран има конкретен план за развој на атомска бомба во овој момент.

Сподели го овој напис