ПРВ.мк
Македонија

Во Кочани ќе се гради споменик во чест на младите загинати во трагедијата „Пулс“

Во Кочани ќе се гради споменик во чест на младите загинати во трагедијата „Пулс“

Собранието обезбеди 2 милиони денари (околу 32.000 евра) за изработка на идејно решение и започнување активности за изградба на спомен-обележје во Кочани, во чест на младите кои го загубија животот во трагедијата во дискотеката „Пулс“. Информацијата на социјалните мрежи ја објави пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Миле Лефков.

Оваа иницијатива е координирана со родителите на настраданите и претставува заедничка желба да се преточи дел од болката во достоинствен спомен и да се зачува сеќавањето на трагедијата.

Споменикот ќе биде поставен во централното градско подрачје како тивок сведок на болката и силна порака за солидарност и обврска да не дозволиме ваква трагедија никогаш повеќе да се повтори, истакна Лефков.

Тој упати благодарност до Владата што го прифати амандманот и до пратениците што ја поддржаа оваа иницијатива.

Сподели го овој напис