ПРВ.мк
Македонија

Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство – Палчо ја ликвидира Вања

Манев тврди: Сакавме само грабнување, не убиство – Палчо ја ликвидира Вања

Обвинетиот Велибор Манев, преку својот адвокат Горан Бошевски, денеска во судот побара да биде ослободен од обвинението за убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, и да одговара само за нивното грабнување.

Адвокатот тврди дека Манев немал намера за убиство и дека немало претходен договор за ликвидација на жртвите. Објасни дека Манев и Видевски мислеле дека киднапираат возрасна жена, но кога ја отвориле вреќата, виделе дете.

Според неговата изјава, Палчо ја фотографирал Вања со пиштол во рака, а потоа, и покрај барањата да ја пушти, зел перниче и ја застрелал во главата. Судскиот процес продолжува, а јавноста е во исчекување на конечната пресуда.

Сподели го овој напис