ПРВ.мк
Македонија

Крвава тепачка во Чаир – три лица прободени, меѓу нив и 14-годишно дете

Крвава тепачка во Чаир – три лица прободени, меѓу нив и 14-годишно дете

Сериозен инцидент со ножеви ја потресе скопската општина Чаир во неделата вечер. Околу 19:48 часот на крстосницата меѓу булеварите „Цветан Димов“ и „Џон Кенеди“ избувнала тепачка меѓу три лица, од кои едното е малолетно дете на само 14 години.

Сите учесници се здобиле со телесни повреди и итно се пренесени на лекување во ГОБ „Св. Наум Охридски“ и во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Полицијата започна истрага, но засега не се познати ниту причините, ниту релациите меѓу нападнатите.

Сподели го овој напис