Битолската полиција поднесе кривична пријава против двајца прилепчани, М.Д. (21) и С.Р. (23), поради сомнение дека со возило пристигнале до Казнено-поправната установа Затвор Прилеп и преку ѕидот фрлиле кокаин внатре во затворот.
Наркотикот бил пронајден и одземен, а против двајцата се води постапка за „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги и психотропни супстанци“.














