ПРВ.мк
Македонија

АНГЕЛОВ СО ОСТРА ПОРАКА: Сите треба да одговараат!

АНГЕЛОВ СО ОСТРА ПОРАКА: Сите треба да одговараат!
Kristal

Лидерот на политичката партија Достоинство и бранител од конфликтот во 2001 година, Стојанче Ангелов, остро реагираше во пресрет на денешниот протест што го најави ДУИ во поддршка на поранешните припадници на УЧК. На својот Фејсбук профил, Ангелов нагласи дека сите припадници на УЧК кои сториле воени злосторства мора да одговараат согласно меѓународното право, без разлика на времето или местото на злосторствата.

Ангелов посочи дека ова се однесува и на злосторствата извршени во Македонија во 2001 година и оцени како апсурдно барањето ослободување на лица кои се осомничени, обвинети или осудени за дела од областа на меѓународното хуманитарно право. Тој додаде дека таквите злосторства не смеат да се релативизираат ниту да се користат за политички цели.

Лидерот на Достоинство ја критички гледа и политичката позадина на протестот. Според него, вистинската цел на Али Ахмети и ДУИ е создавање меѓуетнички тензии, со цел партијата да се врати на власт. Ангелов истакна дека протестот нема реално да влијае врз одлуките на Специјализираниот суд во Хаг, што според него укажува на скриена агенда зад организирањето на настанот.

Тој се запраша зошто протестот се одржува токму во Скопје и дали станува збор за спонтан настан или за внимателно осмислено сценарио насочено против актуелната власт, владејачката коалиција и премиерот Христијан Мицкоски. Ангелов оцени дека протестот може да претставува перфиден обид за ослабување на власта, ставајќи го и албанскиот коалиционен партнер во незавидна позиција – ако не учествува, се зајакнува ДУИ, а ако учествува, се создава услов за политичка нестабилност.

Во заклучокот, Ангелов предупреди дека можноста за разгорување на меѓуетничка нетрпеливост и нарушување на кревката меѓуетничка доверба претставува „бонус“ за ДУИ, што според него покажува дека протестот е повеќе политичка алатка отколку искрена борба за правда.

FixCredit
Escape

Најнови вести

Escape
Mia Home Mavrovo
Escape