ПРВ.мк
Македонија

Попова Шапка ја добива својата нова атракција: Стартува шестоседната жичара - еве од кога!

Попова Шапка ја добива својата нова атракција: Стартува шестоседната жичара - еве од кога!
Kristal

Утре, во недела, посетителите на Ски центарот „Попова Шапка“ ќе можат да уживаат во ведро и сончево време, кое ќе овозможи совршени услови за панорамска прошетка и престој во природа, објави 4NEWS.mk.

Љубителите на планината ќе имаат можност да се восхитуваат на прекрасните планински пејзажи и да дишат чист воздух. Во функција ќе биде и шестоседната жичара, која ќе работи од 10 до 15 часот, овозможувајќи лесен пристап до поголем дел од теренот.

Од Ски центарот ги повикуваат сите граѓани да ја искористат убавата временска прогноза за рекреација, одмор и активности на отворено на планината Шара.

FixCredit
Escape