ПРВ.мк
Македонија

🔥 (Фото) Црн чад над Скопје – пожар кај Трубарево го покри градот од Карпош до Аеродром

🔥 (Фото) Црн чад над Скопје – пожар кај Трубарево го покри градот од Карпош до Аеродром

Црн чад се издигна над Скопје попладнево и беше јасно видлив од повеќе општини – од Карпош, преку Центар, па сè до Аеродром. Причината е пожар кој избувнал во близина на гробиштата во Трубарево.

Од Центарот за управување со кризи (ЦУК) информираат дека добиле десетина пријави од загрижени граѓани. На терен веќе се испратени противпожарни екипи кои работат на локализирање на огнот.

Според првичните процени, пожарот не претставува поголем ризик и се очекува наскоро да биде изгаснат.

Сподели го овој напис