ПРВ.мк
Свет

Најсмртоносен напад на Киев од кога е зпочната војната со Русија

Најсмртоносен напад на Киев од кога е зпочната војната со Русија

Киев вчера го преживеа најтешкиот напад од почетокот на 2025 – Русија изврши масовен ракетен и дрон напад, при што загинаа најмалку 18 луѓе, а над 150 се повредени. Нападот ги погодил 27 локации во главниот град на Украина, вклучувајќи станбени згради, училишта и клучна инфраструктура.

Украинскиот претседател Зеленски го нарече нападот „чист тероризам“ и апелираше до светот да реагира остро. На самитот на Г7, тој побара повеќе противвоздушна одбрана и итно производство на системи во Украина.

ОН го потврди нападот како најсмртоносен досега во Киев годинава. „Комбинацијата од дронови и ракети во густо населени подрачја води до цивилни жртви и голема трагедија“, порача мисијата за човекови права.

Руското Министерство тврди дека целите биле воено-индустриски објекти, но ударите оставија урнатини и страв во срцето на украинската престолнина.

Сподели го овој напис