ПРВ.мк
Магазин

По три години на врвот, Виена повеќе не е број еден најдобар град за живеење во 2025

По три години на врвот, Виена повеќе не е број еден најдобар град за живеење во 2025

По три години на врвот, Виена повеќе не е број еден! Данската престолнина Копенхаген официјално е прогласена за најдобар град за живеење во светот за 2025 година, според новата листа на Economist Intelligence Unit.

Копенхаген блесна со совршени оценки за стабилност, инфраструктура и образование, симнувајќи ја Виена на второто место, заедно со Цирих. Еве ги топ 10 градови за живеење оваа година:

  1. Копенхаген, Данска
  2. Виена, Австрија
  3. Цирих, Швајцарија
  4. Мелбурн, Австралија
  5. Женева, Швајцарија
  6. Сиднеј, Австралија
  7. Осака, Јапонија и Окленд, Нов Зеланд
  8. Аделаида, Австралија
  9. Ванкувер, Канада

Жителите на Копенхаген велат дека живеат во сигурен, чист и еколошки свесен град, совршен за семејства и патувања, со пријателска атмосфера и рамнотежа помеѓу плата и трошоци.

Зошто Виена падна? Според анализата, неколку инциденти, вклучително и закана со бомба на концерт на Тејлор Свифт, влијаеле врз нејзиниот резултат за стабилност.

Се чини дека во 2025 – Копенхаген е новиот сон за живеење!

Сподели го овој напис