ПРВ.мк
Магазин

Често заборавате? Оваа јапонска техника може да ви го промени животот

Често заборавате? Оваа јапонска техника може да ви го промени животот

Многу луѓе често се соочуваат со ситуации на заборав – дали ја исклучиле рерната, заклучиле врата или исклучиле пегла. Таквите сомнежи се нормални, но постојат техники што можат значително да ја подобрат концентрацијата и меморијата.

Една од нив доаѓа од Јапонија и се користи во железничкиот систем за намалување на човечки грешки. Методата се нарекува „шиса канко“, што во превод значи „покажување и изговарање“. Таа се базира на едноставен принцип: кога се извршува важна задача, лицето прво покажува кон објектот, потоа го именува и гласно го потврдува.

Оваа техника е развиена како дел од безбедносните процедури кај јапонските железници, каде прецизноста е клучна. Истражувања покажуваат дека со ваков начин на работа може да се намалат грешките дури и до 85 проценти.

Причината за нејзината ефикасност е тоа што ги активира повеќе сетила истовремено – видот, слухот, говорот и движењето. На тој начин мозокот подобро ја обработува информацијата и ја задржува во меморијата.

Стручњаците сметаат дека техниката може да биде особено корисна за лица со нарушување на вниманието, бидејќи дополнителната стимулација помага во фокусирање и подобро паметење на задачите. Некои терапевти дури ја поврзуваат со техники на активно повторување, каде информацијата се зацврстува преку гласно изговарање.

Постојат и креативни варијации, како претворање на обврските во рими или кратки мелодии за полесно помнење.

Главната поента е дека со едноставни навики и свесно ангажирање на сетилата, секојдневните заборавени моменти може значително да се намалат.