ПРВ.мк
Црна Хроника

Трагичен крај на потрагата по киднапираниот добро познат бизнисмен - еве каде е пронајдено телото!

Трагичен крај на потрагата по киднапираниот добро познат бизнисмен - еве каде е пронајдено телото!

Полицијата во Берлин го пронашла телото на 51-годишниот бизнисмен Исмет К., по кого се трагаше откако на почетокот на мај беше пријавено негово киднапирање.

Според германските медиуми, телото било откриено во шумска област во близина на Потсдам, на околу 50 километри од Берлин, закопано на длабочина поголема од еден метар.

Информациите на весникот Берлинер Цајтунг наведуваат дека полицијата успеала да ја лоцира жртвата преку GPS сигнал од неговиот мобилен телефон.

Според првичните сознанија од истрагата, бизнисменот починал од тешки повреди во пределот на главата и вратот.

Медиумите објавуваат и дека семејството за време на исчезнувањето не добило никакво барање за откуп или контакт од киднаперите, што отвора сомнежи дека мотивот не бил финансиски.

Од обвинителството во Берлин најавија прес-конференција на која се очекуваат повеќе детали за случајот, додека потрагата по сторителите сè уште трае.