Украина побара итен состанок на Советот за безбедност на Обединети нации и дополнителен состанок на Организација за безбедност и соработка во Европа по масовните руски воздушни напади врз украинска територија.
Украинскиот министер за надворешни работи Андриј Сибиха во објава на социјалната мрежа X повика на „силен и соодветен одговор кон агресорот“, по нападите кои најмногу ја погодиле Киевската област.
Според украинските власти, во нападите била употребена и балистичката ракета со среден дострел „Орешник“, иако овие информации засега не се независно потврдени.
Сибиха ја обвини Русија дека поради недостаток на воени успеси на фронтот се обидува да изврши дополнителен притисок преку масовни ракетни напади врз украинските градови и инфраструктура.









