ПРВ.мк
Црна Хроника

ХОРОР ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Излегол од затвор па извршил брутално убиство - еве каква казна му се заканува!

ХОРОР ГО ПОТРЕСЕ СВЕТОТ: Излегол од затвор па извршил брутално убиство - еве каква казна му се заканува!

Во Келн е уапсен 31-годишен маж од Ниш, осомничен за брутално убиство на 93-годишен пензионер, чие тело било пронајдено со траги на мачење во неговиот дом.

Според германските медиуми, осомничениот Ненад А. неодамна бил пуштен од затвор во Германија и му била изречена мерка за депортација. Тој наводно доброволно заминал во Србија, но кратко потоа илегално се вратил во Германија.

Истражителите се сомневаат дека по враќањето, заедно со уште двајца соучесници, детално го испланирал нападот врз пензионерот.

Телото на жртвата било пронајдено од неговите деца на 3 мај во семејната куќа. Според информациите од истрагата, старецот бил врзан, а на телото имал бројни повреди и траги од насилство.

Форензичарите утврдиле сериозни повреди во пределот на главата, вратот и горниот дел од телото, нанесени со тап предмет.

Истражителите наведуваат дека куќата била целосно пребарана и испревртена, а исчезнале вредни предмети, меѓу кои електричен велосипед, мобилен телефон, дебитна картичка и венчален прстен. Според досегашните сознанија, нападот не бил случаен, туку однапред организиран.