Во хрватското село Уљаник, во близина на Гарешница, пијана возачка со автомобил удрила во семејна куќа, при што за среќа нема повредени, но е причинета материјална штета.
Според информациите на Дневник.хр, 29-годишната жена поради пребрзо возење изгубила контрола над возилото, удрила во работ на патот и завршила во куќата на 71-годишен жител.
Сопствениците на куќата за локалните медиуми раскажале дека биле разбудени од силен тресок и биле шокирани кога пред прозорецот го виделе автомобилот.
Полицијата и итната помош брзо пристигнале на местото на несреќата, а алкотестот покажал дека возачката имала 1,43 промили алкохол во организмот.
Против неа ќе биде поднесена прекршочна пријава за возење под дејство на алкохол и за сообраќајните прекршоци што ги предизвикала.









