Сакаш само едно јаболко пред спиење? Пази се. Дури и здрави намирници може да предизвикаат сериозни последици ако се јадат навечер, предупредуваат нутриционистите.
Кисела храна како портокали, домати и грејпфрут, но и масни оброци пред спиење, може да предизвикаат киселински рефлукс. Оваа состојба не само што носи непријатност, туку долгорочно го зголемува ризикот од рак на желудникот и хранопроводот – велат стручњаците.
Нутриционистката Кајли Кроули објаснува дека најлошото нешто што може да го направиме е да легнеме веднаш по оброк. „Дури и здраво овошје навечер може да биде ризик ако се јаде во погрешен момент,“ вели таа. Особено се потенцира проблемот што често симптомите се тивки, па луѓето не ни знаат дека страдаат од хроничен рефлукс.
Ако баш мораш нешто пред спиење – јаткасти плодови или чаша млеко се најбезбедни опции. Сè друго, особено кисело или масно, можеби е пат до хронични болки, нарушен сон… или нешто многу посериозно.