ПРВ.мк
Црна Хроника

Пожар во семеен дом: Две лица итно пренесени во болница

Пожар во семеен дом: Две лица итно пренесени во болница

Две лица биле пренесени во болница откако вдишале чад при пожар што избувнал во семејна куќа во кумановското село Матејче, информира Министерството за внатрешни работи.

Според полицискиот билтен, случајот бил пријавен вчера во 13:28 часот во СВР Куманово. Пожарот избувнал во куќа сопственост на М.С., а благодарение на брзата реакција на соседите, огнот бил навреме локализиран и целосно изгаснат.

При пожарот, 49-годишниот А.С. и 20-годишниот Н.С. вдишале поголемо количество чад, по што биле пренесени во Општата болница во Куманово за укажување лекарска помош.

На местото на настанот увид извршила увидна екипа на СВР Куманово, а причините за избувнувањето на пожарот се утврдуваат.