Четири возила учествувале во тешка сообраќајна несреќа кај Кичево, двајца повредени
Двајца луѓе се повредени, од кои едно лице се здобило со тешки телесни повреди, во сообраќајна несреќа што денеска се случила на магистралниот пат Гостивар-Кичево, во близина на месноста Сеферов Бунар.
Според првичните информации, во несреќата учествувале четири возила, при што три од нив биле со странски регистарски таблички – од Србија, Унгарија и Албанија.
На местото на настанот веднаш интервенирале екипи на Итната медицинска помош и полициски службеници, кои извршиле увид и презеле мерки за расчистување на случајот.
Поради сообраќајната несреќа, патниот правец бил во прекин неколку часа, а возилата биле пренасочувани по локални патишта.

Надлежните институции работат на утврдување на причините и околностите под кои дошло до несреќата.






