ПРВ.мк
Свет

Голема финансиска измама поврзана со холивудската ѕвезда Џони Деп - Ова се деталите

Голема финансиска измама поврзана со холивудската ѕвезда Џони Деп - Ова се деталите

Унгарските истражни органи отворија случај по сомнежи дека лице неовластено користело банкарска картичка поврзана со холивудскиот актер Џони Деп, при што биле направени стотици трансакции во период од речиси две години.

Според истрагата, американска финансиска институција прва забележала сомнителни движења на сметката и за тоа ги известила надлежните служби во Унгарија, по што случајот бил преземен од истражителите.

Се наведува дека во периодот од јануари 2024 до декември 2025 година биле извршени над 300 трансакции, со вкупна вредност од околу 619.500 евра. Сомнежите се дека актерот Џони Деп подолго време не забележал неправилности, сè додека банката не реагирала.

Осомничениот бил идентификуван и подоцна уапсен во стан во Будимпешта, каде биле пронајдени електронски уреди за кои постои сомневање дека биле користени при извршување на делата. При претресот биле откриени и супстанции за кои се сомнева дека се наркотици, поради што е отворена дополнителна истрага.

Осомничениот ги негира обвиненијата, а судот одредил мерка притвор. Истрагата продолжува со цел да се утврди начинот на кој биле прибавени податоците за платежната картичка и дали станува збор за кражба на податоци или онлајн компромитација.