ПРВ.мк
Наука/Технологија

Од октомври Windows 10 станува историја – што ќе правите со вашиот компјутер?

Од октомври Windows 10 станува историја – што ќе правите со вашиот компјутер?
Escape

На 14 октомври 2025 година, Microsoft официјално престанува да го поддржува Windows 10, што значи дека милиони корисници ширум светот ќе останат без безбедносни надградби и официјална техничка поддршка.

Развивачката заедница KDE предупредува дека тоа значи „вашиот компјутер ќе биде официјално застарен“ и дека може да стане ранлив на хакерски напади, губење на податоци и прекин на функционалноста на апликации. Според нив, корисниците ќе бидат ставени пред избор – да купат нов уред, присилно да инсталираат Windows 11, или да се префрлат на Linux.

KDE предлага бесплатен Linux систем со Plasma графичка околина како алтернатива што може да му даде нов живот на вашиот стар компјутер. Тие предупредуваат дека „технолошката уцена“ од Microsoft не само што ќе ве чини пари, туку и ќе го загадува животната средина преку масовно отфрлање на уреди кои и понатаму можат да работат.

Mia Home Mavrovo