Научници од Универзитетот во Рединг предупредуваат дека патувањата со авион во иднина може да станат многу поопасни поради се почестите и посилни турбуленции. Причината е директно поврзана со климатските промени и нарушувањата во јет-стримовите, кои до крајот на векот би можеле драматично да ја зголемат појавата на ризични услови за авионите.
Посебно внимание предизвикува таканаречената clear-air turbulence (CAT) – турбуленција што се појавува ненадејно, не е видлива на радар и е исклучително тешка за предвидување. Тоа ја прави особено опасна за патниците и екипажот, бидејќи може да предизвика повреди или сериозни компликации во летот.
Истражувањето се базира на 26 современи климатски модели, а резултатите покажуваат дека во сценарија со зголемени емисии на CO₂, промените во брзината на ветерот би можеле да се зголемат за 16–27%. Тоа ќе значи дека турбуленциите ќе станат почести и посилни на глобално ниво, независно од рутата на летот.
Стручњаците повикуваат авиокомпаниите да инвестираат во нови технологии за предвидување турбуленции и да ги зајакнат безбедносните протоколи. Патниците, пак, се советуваат секогаш да го носат врзан безбедносниот појас за време на летот, дури и кога летот изгледа мирен.