Ново глобално истражување открива во кои земји возачите најчесто се соочуваат со агресивно, непредвидливо или ризично однесување во сообраќајот.
На врвот на листата се најде Италија, каде дури 23 проценти од анкетираните изјавиле дека доживеале агресивно или ризично однесување на патиштата.
Резултатот е особено интересен бидејќи Италија е една од најпосетуваните туристички дестинации во светот, но искуството зад воланот, според испитаниците, очигледно не е секогаш толку пријатно.
На второто место се најде Велика Британија со 11 проценти, а Лондон бил меѓу градовите кои најчесто се споменувале. Следуваат САД со девет проценти, Франција и Австралија со по пет, а Шпанија и Турција со по четири проценти.
Истражувањето открило и кои навики најмногу ги нервираат луѓето зад воланот. Убедливо на првото место е некористењето трепкач при свртување, што го посочиле 56 проценти од испитаниците.
Следуваат возењето премногу блиску до автомобилот напред со 46 проценти, бавното возење во лентата за престигнување со 43 проценти и наглото сопирање со 20 проценти.
Интересно е што Италија не поминала најдобро ниту во друго истражување поврзано со општата учтивост. Во анкета на „Ремитли“, земјата завршила на 24. место од 25 опфатени држави, пред само Австрија.
За најучтива земја била прогласена Јапонија, пред Канада и Велика Британија.







