ПРВ.мк
Магазин

Карлеуша откри: „Млад, богат и популарен фудбалер ме бара цела ноќ и ме преколнува“

Карлеуша откри: „Млад, богат и популарен фудбалер ме бара цела ноќ и ме преколнува“

Јелена Карлеуша откри дека и понатаму добива големо внимание од мажите, но дека во овој период од животот не е заинтересирана за површни авантури и краткотрајни односи.

Во интервју за јутјуб-каналот „Full Screen Media“, пејачката изјавила дека има многу понуди, меѓу кои и од познати спортисти.

Особено внимание привлече нејзиното тврдење дека во моментов ја бара млад, исклучително популарен и богат фудбалер од Србија, чиј идентитет не сакаше да го открие.

„Ме бара еден брутален млад фудбалер, еден од најпопуларните и најбогатите наши. Ме бара цела ноќ, ме моли и преколнува“, раскажала Карлеуша.

Сепак, како што вели, наместо да се сретне со него, решила вечерта да ја помине дома гледајќи документарец на „Нетфликс“.

Карлеуша истакнала дека парите и статусот одамна не се нешто со што маж може да ја импресионира.

„Парите ме сакаат и лесно ги заработувам, но љубовта не ме сака. Мене ме интересира љубов, а не само секс“, изјавила таа.

Пејачката зборувала и за тоа каков тип мажи физички ја привлекуваат, посочувајќи дека сака млади, атлетски градени и физички подготвени мажи.

Таа додала дека често добива внимание од момчиња на возраст од 24 или 25 години, но смета дека дел од нив ја гледаат како „трофеј“ или кратка авантура, нешто што, како што вели, повеќе не ја интересира.