ПРВ.мк
Балкан

Изненадувачки податоци: Најголемиот приход во Југославија бил пријавен во Скопје

Изненадувачки податоци: Најголемиот приход во Југославија бил пријавен во Скопје

Кога денес се зборува за најплатените професии, најчесто се помислува на ИТ експерти, менаџери, банкари, претприемачи или лекари специјалисти. Но, податоците од поранешна Југославија покажуваат дека кон крајот на осумдесеттите сликата била значително поинаква, објавува Журнал.мк.

Според даночните податоци за приходите остварени во 1988 година, меѓу граѓаните со најголеми пријавени заработки не доминирале политичари или директори на големите државни претпријатија. На врвот се наоѓале приватни угостители, пејачи, трговски претставници, фудбалери, уметници, новинари и универзитетски професори.

Апсолутен рекордер бил приватен угостител од Скопје, кој за 1988 година пријавил приход од дури 171 милион динари.

Во Белград, најголема заработка пријавил пејач на народна музика – 142 милиони динари.

Во Загреб на врвот бил трговски претставник со 61 милион динари, додека во Љубљана најголем пријавен приход имал академски скулптор со 28 милиони динари.

За Сараево, според објавените информации, немало достапни податоци што би овозможиле директна споредба.

Податоците даваат интересна слика за тоа кој можел да оствари најголеми приходи во Југославија пред повеќе од три децении – а особено впечатливо е што најголемата пријавена заработка била токму во Скопје.