ПРВ.мк
Црна Хроника

Го грабнале кога излегол од автобус: Го однеле во шума, го боделе со нож и барале 500.000 динари за да го пуштат

Го грабнале кога излегол од автобус: Го однеле во шума, го боделе со нож и барале 500.000 динари за да го пуштат

Српската полиција уапсила 22-годишен маж осомничен дека заедно со уште две лица киднапирал, претепал и со нож повредил 26-годишно момче, по што од неговото семејство барале пари за да го ослободат.

Инцидентот се случил на 22 август во Калуѓерица, кога 26-годишниот П.В. излегол од автобус. Според информациите објавени во српските медиуми, тројца мажи го пресретнале на улица и насилно го внеле во автомобил „БМВ“.

Еден од осомничените, кого жртвата го познавала од претходно, наводно го тепал момчето додека се возеле.

Го однеле во шума и барале пари од семејството

Напаѓачите потоа го однеле 26-годишникот во шума, каде што, според сомневањата, продолжиле да го тепаат и го боделе со нож.

Од неговото семејство наводно побарале 500.000 српски динари за да го ослободат.

Целата побарана сума не била исплатена, но член на семејството им предал 90.000 динари, а друго блиско лице уште 60.000 динари.

По предавањето на парите, момчето било пуштено, а случајот бил пријавен во полиција.

Повредениот бил пренесен во болница, каде што му биле констатирани тешки телесни повреди опасни по живот, меѓу кои и внатрешно крвавење во пределот на главата. Имал и повеќе повреди на рацете и градниот кош, како и убодна рана на ногата.

Полицијата го уапсила В.П. (22), додека по другите двајца осомничени сè уште се трага. На осомничените им се ставаат на товар кривични дела изнуда, противправно лишување од слобода и нанесување тешка телесна повреда.