ПРВ.мк
Балкан

ТАЖНА ВЕСТ: Ивана имаше само 45 години – ненадејно почина новинарката и директорка на познатиот портал

ТАЖНА ВЕСТ: Ивана имаше само 45 години – ненадејно почина новинарката и директорка на познатиот портал

Медиумската заедница во Босна и Херцеговина е потресена од веста за ненадејната смрт на Ивана Шимунџа, долгогодишна новинарка, уредничка и директорка на информативниот портал „Мондо БиХ“.

Шимунџа почина во Бања Лука на само 45-годишна возраст, а веста за нејзиното ненадејно заминување предизвика голема тага меѓу нејзините колеги, пријатели и луѓето со кои соработувала во текот на кариерата.

Од неа со емотивна порака се простија колегите од редакцијата на „Мондо БиХ“, кои ја опишаа како движечка сила на нивниот тим.

„Ивана беше нашата локомотива, движечка сила и глава на нашиот колектив. Беше наша другарка, колешка и советничка“, порачаа од редакцијата.

Шимунџа долги години работела како новинарка и уредничка, а го завршила Филозофскиот факултет при Универзитетот во Бања Лука.

Колегите ќе ја паметат како посветен професионалец, но и како пријател и човек кој оставил силен белег во редакциите во кои работела.

Последното испраќање и погребот ќе се одржат во четврток, 27 август, во 13 часот на гробиштата „Свети Марко“ во Бања Лука.