Тригодишно девојче се здобило со тешки телесни повреди во несреќа што се случила во лифт во станбена зграда во скопската населба Радишани.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, случајот бил пријавен на 24 август во 20 часот од 30-годишна скопјанка.
Таа пријавила дека несреќата се случила два дена претходно, на 22 август околу 18:15 часот, додека заедно со своите деца се наоѓала во лифт во станбена зграда.
Во еден момент вратата од лифтот ненадејно се отворила и повторно се затворила, при што нејзината тригодишна ќерка била повлечена и тешко повредена.
Девојчето било пренесено во ЈЗУ „Св. Наум Охридски“ во Скопје, каде што лекарите констатирале тешки телесни повреди.
Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на околностите под кои дошло до несреќата.








