Земјотрес со магнитуда од 3,7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денеска во Албанија, според првичните сеизмолошки податоци.
Потресот бил регистриран околу 15:56 часот, а бил почувствуван во подрачјата на Љушња и Елбасан.
Епицентарот бил лоциран на само еден километар северо-североисточно од Љушња, односно на околу 36 километри југозападно од Елбасан.
Според првичните информации, земјотресот се случил на длабочина од околу 10 километри.
Засега нема информации за причинета материјална штета или повредени лица.









