ПРВ.мк
Македонија

Вработена во казино украде 816.297 денари и ги искоцкала - ова се деталите

Вработена во казино украде 816.297 денари и ги искоцкала - ова се деталите

Вработена во казино во Гостивар украде речиси милион денари од прометот и ги искоцка на апарати.

На 10.10.2025 година, во 21:40 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар ја лишија од слобода М.П.Ј.(30) од село Волковија, гостиварско, по пријава од менаџерката на казиното. При редовна контрола било утврдено дека од касата недостасуваат 816.297 денари, а истражителите откриле дека вработената ги префрлила парите на свој електронски кредит и ги потрошила на апарати за игри.

М.П.Ј. е задржана во полициска станица, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна кривична пријава. Случајот предизвикува шок во локалната јавност, бидејќи станува збор за злоупотреба на довербата во казиното.

Escape