ПРВ.мк
Македонија

ВОЗАЧИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Утре нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија

ВОЗАЧИ, ПОДГОТВЕТЕ СЕ: Утре нова одлука за цените на бензинот и дизелот во Македонија

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) утре, 30 ноември, се очекува да ја донесе новата одлука за максималните малопродажни цени на нафтените деривати во Македонија.

По минатонеделното значително намалување на цените, граѓаните се во исчекување дали ќе продолжи трендот на поевтинување или ќе следува ново поскапување.

Со последната одлука на РКЕ, бензините поевтинија за два денари, додека цената на дизелот беше намалена за 3,50 денари по литар.

Во моментов важат следните максимални малопродажни цени:

  • ЕУРОСУПЕР БС-95 – 82 денари за литар
  • ЕУРОСУПЕР БС-98 – 84 денари за литар
  • ЕУРОДИЗЕЛ – 88,50 денари за литар
  • Екстра лесно масло за домаќинство – 98 денари за литар

Врз новата пресметка ќе влијаат движењата на цените на нафтените деривати на светските пазари, курсот на денарот во однос на американскиот долар, како и останатите параметри од регулаторната методологија.

Дополнително, РКЕ на 27 ноември донесе одлука за утврдување на одредени параметри поврзани со транспортните трошоци, трговската маржа и други елементи при формирањето на цените. Оваа одлука ќе се применува од 30 ноември до 30 мај 2027 година, но сама по себе не ги утврдува новите малопродажни цени.

Доколку се задржи вообичаената динамика, утрешната одлука ќе стапи во сила на полноќ, односно од 00:01 часот на 1 декември.

Дали возачите ќе добијат ново поевтинување или ќе мора да издвојуваат повеќе пари за гориво, ќе биде познато по официјалната одлука на РКЕ.