ПРВ.мк
Црна Хроника

ВЕЛЕШАНЕЦ СО 1,46 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ СИН: Полицијата го лишила од слобода

ВЕЛЕШАНЕЦ СО 1,46 ПРОМИЛИ АЛКОХОЛ ГО НАПАДНАЛ СВОЈОТ СИН: Полицијата го лишила од слобода

Случај на семејно насилство е регистриран во Велес, каде што 69-годишен маж бил приведен поради пријава дека физички го нападнал својот син.

Според информациите од МВР, на 28 ноември 2026 година, во 9:50 часот, полициски службеници од СВР Велес го лишиле од слобода Ј.Т. (69) од Велес, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом го нападнал својот 44-годишен син, при што употребил дрвени предмети.

Предметите биле пронајдени и одземени од полицијата.

По извршените проверки било утврдено дека велешанецот бил под дејство на алкохол, при што му биле измерени 1,46 промили алкохол во крвта.

Тој бил задржан во полициска станица, а за случајот биле известени јавен обвинител и Центарот за социјални работи во Велес.

По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.