ПРВ.мк
Црна Хроника

СЛУЧАЈОТ КОЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Жената на КАРИЛ, сопругот во психијатриската болница во Бардовци

СЛУЧАЈОТ КОЈ ЈА ПОТРЕСЕ МАКЕДОНИЈА: Жената на КАРИЛ, сопругот во психијатриската болница во Бардовци

Четириесет и двегодишната жена од гостиварско, која според пријавата два дена била изложена на физичко насилство од својот сопруг, и натаму се наоѓа во животозагрозувачка состојба на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Скопје.

Од Клиниката за Канал 5 потврдиле дека пациентката е свесна, комуникативна и моментално стабилна, но поради сериозноста на повредите останува на интензивно лекување.

Лекарите констатирале четири скршени ребра, делумен пневмоторакс, мала плеврална ефузија и крварење во главата, како и бројни отоци и модринки по лицето.

Случајот го пријавил таткото на осомничениот

Според информациите, семејното насилство во полиција го пријавил таткото на 52-годишниот осомничен.

При полициската интервенција, мажот наводно давал отпор и физички нападнал полициски службеници, при што еден од нив бил повреден.

Осомничениот бил лишен од слобода, а поради неговата здравствена состојба бил однесен на лекување во Психијатриската болница во Бардовци.

Според првичните информации, жената два дена била удирана со тупаници и клоци, а постојат и наводи дека била бодена со вила за сено.

Откако изгубила свест, била пренесена во гостиварската болница, а оттаму итно транспортирана во Скопје.

Обвинителството презема дејствија за прибирање докази. По нивното обезбедување ќе биде утврдено за кое кривично дело ќе се товари осомничениот, при што се разгледува и можноста за квалификација на делото како обид за убиство.