ПРВ.мк
Црна Хроника

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ ВО ИЛИНДЕН: Две малолетнички претепале 12-годишно девојче во соблекувална - ќе има ли крај на врсничкото насилство?

ВОЗНЕМИРУВАЧКИ ИНЦИДЕНТ ВО ИЛИНДЕН: Две малолетнички претепале 12-годишно девојче во соблекувална - ќе има ли крај на врсничкото насилство?

Дванаесетгодишно девојче било физички нападнато од две малолетнички во соблекувална во спортска сала во општина Илинден.

Случајот бил пријавен на 26 ноември во Секторот за внатрешни работи Скопје од страна на таткото на девојчето, 44-годишен жител на скопскиот регион.

Според пријавеното, инцидентот се случил по претходно меѓусебно нетрпение меѓу девојчињата, по што двете малолетнички физички ја нападнале 12-годишната девојка.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот и утврдување на сите околности под кои се случил нападот.

Најнови вести