ПРВ.мк
Свет

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ АМЕРИКАНСКАТА ОБАЛА: Итно предупредување од пожарникарите!

СИЛЕН ЗЕМЈОТРЕС ЈА ПОГОДИ АМЕРИКАНСКАТА ОБАЛА: Итно предупредување од пожарникарите!

Силен земјотрес со магнитуда од 5,0 степени според Рихтеровата скала ја погоди брегот на Јужна Калифорнија во Соединетите Американски Држави.

Според податоците на Геолошкиот завод на САД, земјотресот се случил во 9:30 часот по локално пацифичко време, на длабочина од околу 12 километри. Најсилно бил почувствуван во подрачјето на околу шест километри западно-југозападно од крајбрежниот град Менхетен Бич.

Засега нема пријави за структурни оштетувања на објекти или повредени лица, изјавила портпаролката на Противпожарната служба на Лос Анџелес (LAFD), Линдзи Ланц.

Таа информирала дека службата е ставена во посебен режим за постапување при земјотреси. Персоналот од сите 106 локални противпожарни станици спроведува координирани проверки во своите реони, при што теренот се проверува од копно, воздух и море.

Од Калифорниската канцеларија за итни служби соопштиле дека активно соработуваат со локалните власти за да се проценат евентуалните последици од потресот.

Надлежните служби предупредуваат дека земјотресите се непредвидливи и ги повикаа граѓаните да бидат подготвени за можни дополнителни потреси.

„Земјотресите се непредвидливи, затоа бидете подготвени за последователни потреси“, порачале од агенцијата преку социјалните мрежи.