Триесетгодишен тетовец бил лишен од слобода по пријава за семејно насилство од неговата 25-годишна вонбрачна сопруга.
Според информациите од Министерството за внатрешни работи, жената пријавила дека на 28 ноември 2026 година, околу 14 часот, партнерот физички ја нападнал додека се возеле во автомобил.
Во пријавата таа навела дека и во изминатиот период била изложена на физичко и психичко малтретирање, како и дека партнерот ѝ ја ограничувал слободата на движење.
Постапувајќи по пријавата, полициските службеници го лишиле од слобода 30-годишниот тетовец во Клиничкиот центар во Тетово, по што тој бил задржан во полициска станица.
Од МВР информираат дека по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.







