ПРВ.мк
Црна Хроника

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УЖАСОТ ВО ГОСТИВАРСКО: Осомничениот се појавил пред судот уреден и среден, еве што изјавил

НОВИ ДЕТАЛИ ЗА УЖАСОТ ВО ГОСТИВАРСКО: Осомничениот се појавил пред судот уреден и среден, еве што изјавил

Педесет и двегодишниот М.М. од гостиварското село Топлица, осомничен за обид за убиство на својата 42-годишна сопруга при вршење семејно насилство, е пренесен во затворот во Шуто Оризари, откако Основниот суд Гостивар му определил 30-дневен притвор.

Осомничениот претходно бил сместен во Психијатриската болница во Бардовци, од каде што бил спроведен пред судија.

Како што објави „360 степени“, гостиварецот пред судот се појавил со уреден изглед, го негирал делото за кое се товари и одбил адвокат по службена должност, барајќи да биде застапуван од бранител по сопствен избор.

Од судот откриле и дека осомничениот во 2020 година бил осуден за тешка кражба.

Во меѓувреме, неговата сопруга останува на интензивно лекување во Скопје со сериозни телесни повреди, меѓу кои четири скршени ребра, делумен пневмоторакс, течност во градниот кош и крварење под тврдата мозочна обвивка. Жената е свесна и во стабилна состојба, и покрај сериозноста на повредите.

Според Обвинителството, осомничениот на 27 ноември во семејниот дом со физичка сила и остар предмет ѝ нанел повеќе тешки повреди на сопругата.

Случајот го пријавил неговиот татко, а полицијата ја пронашла жената во бессознание. При приведувањето, осомничениот давал отпор и нападнал полициски службеници, при што еден од нив бил повреден.

Против него е отворена истрага за обид за убиство при вршење семејно насилство, а во рамките на постапката се очекува и вештачење за неговата пресметливост.

Извор: „360 степени“