ПРВ.мк
Црна Хроника

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдено починато 27-годишно момче, наредена е обдукција

ТРАГЕДИЈА ВО МАКЕДОНИЈА: Пронајдено починато 27-годишно момче, наредена е обдукција

Младо момче на возраст од 27 години било пронајдено починато во Казнено-поправната установа „Идризово“.

Како што информираат од МВР, на 28 ноември 2026 година, околу 10:30 часот, во СВР Скопје било пријавено дека во затворот околу 9:10 часот бил пронајден починат Б.Ј. (27) од Прилеп.

Лекар констатирал смрт, без видливи траги на насилство.

По извршениот увид, а по наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на Судска медицина за обдукција.

Обдукцијата треба да ги утврди точните причини за смртта на младиот прилепчанец.