ПРВ.мк
Спорт

ТРАГЕДИЈА ВО СПОРТСКА САЛА: Ракометар доживеал срцев удар, натпреварот веднаш прекинат

ТРАГЕДИЈА ВО СПОРТСКА САЛА: Ракометар доживеал срцев удар, натпреварот веднаш прекинат

Голема трагедија го потресе спортскиот свет во Босна и Херцеговина, откако ракометар почина на полувремето од првенствениот натпревар меѓу сараевските клубови Босна и Железничар.

Според информациите што ги објави порталот „Кликс“, ракометарот на Босна доживеал срцев удар во спортската сала „Рамиз Салчин“ во Сараево, по што починал.

Натпреварот, кој се играше во рамките на десеттото коло од Првата лига на Федерацијата Босна и Херцеговина, веднаш бил прекинат по трагичниот настан.

Идентитетот на починатиот ракометар засега не е официјално објавен.

Двата клуба се од Сараево и настапуваат во вториот ранг на ракометното натпреварување во Босна и Херцеговина. Ракометарите на Босна во сезоната 2024/2025 настапуваа во највисокиот ранг на тамошниот шампионат.