ПРВ.мк
Свет

ПУТИН ПОТВРДИ: Русија гради седум најсовремени подморници на нуклеарен погон

ПУТИН ПОТВРДИ: Русија гради седум најсовремени подморници на нуклеарен погон

Рускиот претседател Владимир Путин потврди дека во руските бродоградилишта во тек е изградба на седум нови подморници на нуклеарен погон, во рамките на долгорочната стратегија за модернизација на руската воена морнарица.

Станува збор за две стратешки ракетни подморници од класата „Бореј-А“ и пет повеќенаменски подморници од класата „Јасен-М“.

Путин посочи дека нивната изградба е дел од Стратегијата за развој на воената морнарица, усвоена во 2025 година, како и од националните програми за бродоградба.

Паралелно со изградбата на подморниците, Русија инвестира и во модернизација на придружната инфраструктура во поморските бази.

Според податоците објавени од порталот „Новине инфо“, руската воена морнарица во периодот од 2021 до 2026 година вовела во употреба девет нови подморници на нуклеарен погон.

Истовремено, Кина значително ги проширува своите производствени капацитети, додека САД се соочуваат со предизвици поврзани со недостигот на работна сила и доцнењето во изградбата на нови подморници.

Русија со години ѝ дава приоритет на модернизацијата на подморничката флота, за разлика од изградбата на големи површински воени бродови.

Најавените инвестиции се дел од пошироката стратегија на Москва за зајакнување на нејзините поморски и стратешки воени капацитети.